Сагата околу иднината на Мауро Икарди продолжува. Напаѓачот е непожелен во Интер, но неговата сопруга, Ванда Нара, која исто така делува како негов агент, изјави дека одбил неколку екстремно примамливи понуди затоа што сака да остане во Интер.
„Имаме многу пријатели во Неапол. Точно е дека Мауро им кажа „НЕ“ на сите предлози за напуштање на Интер. Секој ја знае својата позиција уште од почетокот на летото и тоа не се менува. Според мене, на крајот сепак Мауро ќе остане во Интер. Ова е неговото место, не е важно е колку понуди добил и ги одбил“, рече Ванда Нара.
„Икарди не верува дека неговата приказна со Интер е завршена. Не знам што друго може да се случи, но знам какви биле неговите зборови откако се отвори трансфер периодот. Од тогаш , до сега, ништо не се смени. Мауро доби понуди што никој во светот не би ги одбил, но тој то аго стори“, потенцираше Нара.