Оние кои се противат на ВАР системот во шпанската Ла Лига излегоа со интересен податок по одигрувањето на последното коло од Ла Лига.
Натпреварите од шпанската елита во текот на викендот биле прекинувани или се играло дополнително вкупно 32 минути и 26 секунди, поради повторното гледање на видео снимките на судиите. Поголемиот дел од времето за ВАР беше поминато за време на натпреварот Селта – Гранада (0:2) кога на домаќините им беа покажани два црвени картони. На судиите им беа потребни 9 минути и 5 секунди за да се консултираат со ВАР системот.
Другата средба која имаше голема пауза поради технологијата беше Бетис – Хетафе (1:1) – 6 минути и 52 секунди. Реал Мадрид – Леванте (3:2) и Мајорка – Атлетик Билбао (0:0) исто така имаа одредено одложување заради видео повторувањата – 4:56 минути и 4:18 минути.

