Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нареди ВАР системот да го има на секој плеј-оф натпревар за пополнување на бројката на учесници на претстојното Европско првенство во 2020 година.
Тоа значи дека системот за проверка на спорните ситуации на фудбалските терени за прв пат ќе биде монтиран и во нашава земја и тоа на мечот меѓу Македонија и Косово кој ќе се одигра во рамките на полу-финалето во Лигата на нации.
УЕФА соопшти дека ВАР – системот ќе биде задолжителен и на квалификациските мечеви за Мундијалот во 2022 година.