Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варане е уверен дека неговата екипа има сили да го елиминираат Манчестер Сити. „Граѓаните“ водат со 2:1 пред реваншот на британско тло. Францускиот дефанзивец мора да игра без капитенот Серхио Рамос, кој е казнет.
„Ќе биде различен натпревар затоа што нема да има публика. Ние секогаш сакаме да победиме затоа што сме Реал Мадрид. Постигнавме многу последователни победи во Ла Лига, што ни дава самодоверба. Смирени сме. Имаме искуство на вакви натпревари”, изјави Варан за шпанските медиуми.
„Зидан ни дава смиреност и самодоверба. Тој ме охрабрува да преземам ризици, да играм напред за да помогнам повеќе во нападот. Бензема е во неговата најдобра форма. Јас не сум изненаден од неговите квалитети. Тој е наш водач во нападот“, додаде Варан.
Натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид ќе се игра на 7 август на „Етихад“ во Манчестер.