Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан би можел да го пропуштинатпреварот од 26.коло од Премиер лигата против Ливерпул, објави „Дејли Меил“.
Варан во последните неколку дена се пожали на болки во ногата. Во текот на денот, играчот ќе биде подложен на фитнес тест, врз основа на чии резултати ќе биде донесена одлука за неговото учество на натпреварот. Наместо тоа како дефанзивец би можеле да играат Виктор Линделоф или Хари Мегваер.
Варан оваа сезона забележа 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања. Играчот дојде во тимот во 2021 година од Реал Мадрид.
Натпреварите Ливерпул – Манчестер Јунајтед започнуваат денеска во 17:30 часот. Домаќините Ливерпул се на шестото место во Премиер лигата, а гостите на треттото место.