Централниот дефанзивец, Рафаел Варан започна да бара дом во Манчестер бидејќи е сигурен дека кариерата ќе ја продолжи на стадионот -„Олд Трафорд“.
Според „Manchester Evening News“, трансферот треба да се финализира во наредните денови иако има недоразбирања меѓу „црвените- ѓаволи“ и Реал Мадрид.
Наводно, англичаните се подготвени да платат 40 милиони фунти додека шпанскиот гигант бара 60-ет. Договорот на Варан со Реал истекува за една година.

