Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Даниел Аврамовски, потпиша за фудбалскиот состав на Вардар. Неговиот договор ќе биде валиден до крајот на сезоната.
„Мило ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб“ – изјави Аврамовски за официјалниот сајт на Вардар. Тој досега настапувал за нашите состави Македонија Ѓорче Петров и Работнички, потоа за Црвена Ѕвезда и Војводина (Србија) и словенечкиот тим Олимпија Љубљана.
„Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се носам со тој предизвик. Со нетрпение очекувам да се приклучам на подготовките на екипата“ – потенцираше меѓу другото Аврамовски.