Денеска беа формирани двојките за завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на нашава земја.
Бранителот на трофејот Вардар ќе игра со Алкалоид додека Еурофарм Пелистер ќе излезе на мегдан со аутсајдерот, Тинекс Пролет. Мечевите ќе се реализираат на 11 мај во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Ден потоа на истата локација ќе ги гледаме и решавачките мечеви за влез во финалето кај ракометарките.
Ѓорче Петров ќе се сретне со Вардар додека минатогодишниот освојувач на пехарот, Металург, ќе игра против Куманово. Финалните средби во двете конкуренции (мажи и жени) ќе бидат одиграни в сабота на 13. Мај.