Од денеска (21 септември 2022) почнува продажбата на билети за мечот од 4. коло од домашната Супер лига меѓу РК Вардар 1961 и РК Алкалоид.
Натпреварот е закажан за в сабота (24 септември) во 18,30 часот во салата во СЦ „Јане Сандански“. Продажбата на влезниците ќе се врши Онлајн и преку продажната мрежа на „MkTickets“ .
Два часа пред натпреварот ќе работи и билетарницата пред салата.Купувањето на билети може да се направи преку следниот линк: https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=4530