Летните подготовки на екипата на Вардар ќе стартуваат во сабота кога ќе биде одржана првата прозивка. Првиот тренинг е закажан за 18 часот во тренинг кампот во Хиподром.
Екипата на „црвено-црните“ ќе се подготвува за новата сезона во домашниот шампионат на својот тренинг камп се до 17-ти јули кога е планирано да заминат на подготовки во Рогашка Слатина, Словенија. Таму експедицијата останува до 2-ри август, и ќе одигра неколку интернационални пријателски натпревари.
Во следните неколку дена е најавено дополнителни информации за текот на подготовките, како и за противниците за контролните мечеви кои ќе бидат одиграни во Словенија.