Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар го прославува 76. роденден
    Фудбал

    Вардар го прославува 76. роденден

    sasoBy saso22/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    ФК Вардар денеска го прославува својот 76. роденден. Од клубот излегоа со официјално соопштение во денот на одбележување на годишнината на клубот во кое се вели:

    „За разлика од порано, денес нема да зборуваме за минатото, за славното минато исполнето со многу титули, победи и шампионски славја. Денес, секоја наша цел, секоја мисла, секое неизгаснато парче жар го посветуваме на иднината, на славната иднина која сите заедно ќе ја изградиме!

    ФК Вардар испишува нова страница од својата историја. По години на континуирана криза, не само финансиска туку и визионерска, клубот полека успева да го најде вистинскиот пат. По годините преполни со лажни ветувања и Управи чија единствена цел беше – личниот профит, денес ние, навивачите на клубот, поддржани од народот започнуваме со изградба на целосно нова, здрава спортска приказна наречена – ФК Вардар.

    76 роденден нека биде славен, нека биде почеток на една нова шампионска ера, која ќе остане запаметена и прераскажувана, од страна на идните црвено -црни поколенија“, порачаа меѓу другото, новите раководни лица на клубот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико

    30/09/2023

    По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме

    30/09/2023

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико
    • По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме
    • Лина Ѓорческа ќе игра финале во Србија
    • Заборски и Стојановиќ во битка за бронза на Светската карате Премиер лига
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.