Неделниот натпревар во рамките од 5. коло од Првата Лига помеѓу екипите на Вардар и на Шкупи, ќе биде одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. Мечот се игра во недела (16.09) со почеток во 15:30 часот.
Од домашната екипа напоменуваат дека поради безбедност, нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи на натпреварот. Секое лице при влезот ќе биде евидентирано, согласно законот за спречување на насилство во спортот. Исто така од Вардар повикуваат на фер и коректно навивање, а вратите на стадионот ќе бидат отворени од 14:30 часот, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот, односно во 15:15 часот.
Дерби натпреварот меѓу Вардар и Шкупи секогаш привлекува внимание, а оваа средба ќе ја суди Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Карајанов од Гевгелија и Станковски од Струмица.