Ракометарите на Вардар издвојуваа победа против Алкалоид со 34:26 во првиот дерби натпревар од плеј-офот во Супер-лигата.
Домаќинот во СЦ Јане Сандански дојде до победата благодарение на одличната партија во вториот дел откако првото полувреме донесе главно изедначена игра и предност за „црвено-црните“ од 15:13. Вардарци до крајот на мечот успеаја да набилдаат и одлична предност од 8 голови које ќе бид значајна во трката за титулата.
Борозан со 9 голови беше најдобар во победничкиот состав додека кај Алкалоид се издвои Серафимов со 8 . Домашниот голман Еспиња имаше големи 15 одбрани

