Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар мора да оди на победа од два гола разлика против Пјуник
    Фудбал

    Вардар мора да оди на победа од два гола разлика против Пјуник

    risteBy riste19/07/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот вицешампион Вардар вечерва од 19 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, го пречекува тимот на Пјуник во реванш натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа.

    Вардарци после првиот натпревар имаат негатива, но во последните три квалификациски натпревари во Европа кои ги играле како домаќини, излегувале како победници (против Малме, Копенхаген и Фенербахче).

    Како најава за натпреварот на прес-конференција тренерот Александар Васоски потенцираше дека оваа екипа на Вардар има квалитет за да ја анулира предноста на противникот и дека треба да играат стрпливо и да не дозволат да примат гол. Играчите се полни со самодоверба дека може да се мине оваа пречка и да се избори пласман во следната рунда од Лигата на Европа.

    На Вардар вечерва му треба поддршка, му требаат полни трибини. Затоа од клубот повикуваат вечерва да дојдете на стадион, и сите заедно да навиваат и да му помогнат на тимот да обезбеди учество во следната рунда. Билетите се веќе во продажба по цена од 100 МКД на билетарницата на Националната Арена.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.