Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар се најде на тапет на Европската фудбалска федерација.
„Црвено-црните“ поради неподмирени обврски може да добијат забрана за настап во наредните две години. УЕФА денеска преку телото задолжено за „финансиската контрола на клубовите“, соопшти, дека нашиот тим е казнет со 100.000 евра и дека до 31 јануари во наредната година мора да ги исплати сите долговите.
Доколку тоа не се случи, Вардар ќе се соочи со најавените санкции. Во истовреме УЕФА објави дека во истата ситуација се и бугарскиот состав Левски од Софија како португалскиот, Спортинг Лисабон.