Фудбалерите на Вардар по подобро изведување на пенали се изборија за место во 2. коло од Купот на Македонија. Скопскиот великан на гостувањето во Гостивар против екипата на Вардар Форино имаше предност од 2:0, но во завршницата во период од само две минути дозволи двапати да биде совладан и домашните да се изборат за реми 2:2 кое им овозможи изведување на пенали.
Во пенал рулетот кој имаше 9 серии, на крајот подобри беа скопјани. Во последната серија Вардар го реализираше и седмиот пенал, додека за домашните Синани ја погоди пречката, по што беше решен патникот во следната рунда.