Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар не го искористи целосно киксот на Академија Пандев и Шкендија
    Фудбал

    Вардар не го искористи целосно киксот на Академија Пандев и Шкендија

    risteBy riste27/11/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денес беа одиграни натпреварите од 16.коло во ПМФЛ, а имаше и неколку резултати кои слободно моеж да кажеме дека беа изненадување, посебно по фактот што фаворите први постигнаа гол.

    Вардар одигра нерешено во Кратово со Силекс 2:2, и испушти шанса да ја слави есенската титула уште денес. Вардар водеше до 86 минута кога прими гол со играч помалку. Шкупи успеа да направи целосен пресврт и да ја совлада екипата на Академија Пандев со 3:1 и да му направи услуга на Вардар, но и на Шкендија која исто така беше поразена на гостувањето кај Струга и покрај водството кое го имаше, за на крај мечот да заврши со 2:1 за домашната екипа.работнички конечно ја прекина лошата серија и славеше на домашен терен против Борец и се доближи до екипите кои се во долниот дел од табелата. Ренова водеше до пред самиот крај на мечот со Македонија ЃП, но Блажевски во 95.минута израмни на 1:1.

    По ова коло Вардар ја зголеми предноста пред Академија Пандев на плус 5, па сега Вардар има 32, а Академија Пандев 27, додека Шкендија остана на 24 бода.

    Во следното коло Академија Пандев го пречекува Вардар во Струмица, а Шкеднија го пречкува тимот на Шкупи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.