Не делат само неколку дена до стартот на новата сезона во ПМФЛ, екипите се подготвуваат, а како дел од протоколот кој е предвиден за новата сезона е предвидено сите екипи да бидат тестирани на Ковид-19 пред да ги започнат натпреварите.
Од вчера се почна со тестирањето, а од Вардар кој прв го започнува шампионатот со саботниот натпревар на домашен терен со Борец вече објавија дека денеска пристигнаа резултатите од тестовите направени врз најдобриот тим од минатата сезона во домашното првенство. Сите тестови на фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се негативни. Ова значи дека „црвено-црните“ без проблеми можат да ја започна новата сезона, која ќе се одвива според посебни протоколи поради пандемијата со Ковид-19.
Во текот на наредните денови треба да пристигнат резулттаите од тестовите и на останатите екипи кои според истите ќе можат да добијат дозвола за да настапат во новата сезона во ПМФЛ.