Ракометниот состав Вардар денеска ги пушти во продажба влезниците за дуелот со Нексе (Хрватска) во рамките на последниот елиминациски филтер во регионалната СЕАХ лига.
Цените на картите за страничните трибини се по 60 денари додека за централните по 100. Најскапи се секторите најблизу до теренот на кои еден билет чини по 150 денари.
Победникот од средбата која ќе се одигра на 23 август во СЦ Јане Сандански ќе патува на завршниот Ф4 турнир во Задар во почетокот на септември.