Фудбалскиот клуб Вардар ги потврди најавите и го промовираше бразилското крило Матеус Лемос.
Играчот кој по две сезони поминати во Македонија Ѓорче Петров се раздели со „лавовите“, се договори со вардарци и ќе го облече црвено-црниот дрес. Договорот беше постигнат уште минатата недела, остануваа уште ситни детали и официјалната промоција. Лемос за тимот на Македонија ЃП одигра 59 натпревари, постигна три погодоци и 14 асистенции, освојувајќи две Куп-титули.
Досега Вардар го промовираше само Владица Брдаровски кој веќе е со тимот на Златибор. Исто така, во ростерот на Бобан Грнчаров се наоѓаат и бразилскиот играч за врска Педрињо, како и Лука Трајкоски, но тие сè уште не се официјално промовирани како играчи на Вардар.