Фудбалерите на Вардар обезбедија опстанок во прволигашкото друштво откако во баражот во Струмица го совладаа составот на Детонит со 2 спрема 0.
Мечот беше решен во првиот дел кога во финишот погодија Ѓуриќ и Сушњара. Во второто полувреме „црвено-црните“ драстично го намалија темпото но, противникот немаше сили да дојде до поволен резултат.
Натпреварот одигран на стадионот – „Благој Истатов“ помина во одлична атмосфера што ја направија популарните – „Комити“.