Екс-шампионот Вардар ќе се соочи со ерменски Пјуник во 1. Коло од Лигата на Европа. На денешната ждрепка во Нион, „вардарци“ го добија преставникот на Ерменија за прв ривал во новата европска сезона, која стартува на 12 јули.
Работнички, пак, во 1. коло од ЛЕ ќе игра против екипата на Хонвед од Унгарија, додека најастрактивен ривал доби Шкупи, кој во Скопје ќе го очекува шкотски Глазгов Ренџерс.
Првите средби се закажани на 12 јули, а реваншите на 19 јули.