Ракометниот клуб Вардар, испрати барање до РФМ за одложување на натпреварот против Еурофарм Пелистер закажан во текот на викендот.
-Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар“ – стои во соопштението.
-Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“, се наведува во објавата на РК Вардар.