Пред дербито во Втора лига меѓу Воска Спорт и Вардар, домашниот тим им забрани на навивачите на Вардар да допатуваат на средбата во Охрид. Денеска со реакција се огласија и од редовите на „црвено-црните“.
„Во недела, го играме најважниот натпревар, против екипата на Воска. Како вистински домаќини, секогаш сме правеле напор, заедно со нашата навивачка група – Комити Запад, да обезбедиме присуство на гостински навивачи, на нашиот стадион. Затоа, очекуваме дека управата на ФК Воска ќе постапи согласно спортската здрава логика и дека ќе дозволи влез на нашите навивачи на стадионот во Охрид, бидејќи сите сме свесни дека постојат објективни услови за споредување на таа одлука! Како клуб, целосно го подржуваме барањето на нашите навивачи. Сметаме дека тоа е најмалце што можеме да направиме, за луѓето кои целиот свој живот го посветуваат на клубот. Заедно сме во оваа борба, до крај!“.