Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар пред голем предизвик, гостува кај Лозана со гол предност од Скопје
    Фудбал

    Вардар пред голем предизвик, гостува кај Лозана со гол предност од Скопје

    risteBy riste31/07/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва го продолжува настапот во евро-куповите. Црвено-црните гостуваат во Лозана во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а на овој натпревар ќе ја бранат предноста од првата средба во Скопје.

    Вардар дојде до победа против Лозана во Скопје со 2:1 и имаат еден гол предност пред вечерашното гостување. Головите на Роџерс Мато и Азер Омерагиќ покажаа дека противникот е ранлив и дека со ист рецепт и пристап во Швајцарија може да се надеваат на позитивен резултат на реваншот.

    Во ист состав, Вардар отпатува за Швајцарија. Останува дилема дали капитенот Горан Закариќ ќе биде во стартниот состав или ќе чека шанса од клупата, нешто што беше случај на првиот меч во Скопје. И на овој меч за Лозана со сигурност надвор од тимот ќе остане Енцо Кана-Бијик. Се работи за 18-годишен центарфор кој во швајцарскиот тим е на позајмица од Манчестер Јунајтед. Играчот се повреди пред првиот меч со Вардар, а ќе биде надвор од терените осум недели заради повреда на коленото.

    Мечот во Швајцарија започнува вечерва од 20:15 часот, а победникот од овој двомеч ќе игра со подобриот од дуелот на Зимбру од Молдавија и Астана од Казахстан, нивниот прв меч заврши 1:1.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.