Ракометарите на Вардар го добија пенал-рулетот со Алкалоид и влегоа во финалето на Купот на Македонија.
Во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид, гледавме крајно изедначен и драмтичен меч до самиот финиш кој заврши нерешено 28:28 по што се изведуваа удари од седум метри. Тогаш „црвено-црните“ се покажаа како подобри реализатори и продолжија во големото финале.
Кој ќе им биде противник, ќе дознаеме доцна вечер по средбата меѓу Еурофарм Пелистер и домаќинот на завршниот Ф4 турнир, екипата на Охрид.

