Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждребката за осминафиналните натпревари од Купот на Македонија.
Фаворити може да бидат задоволни од тоа како поминаа на ждребката, бранителот на титулата Шкендија ќе игра против второлигашот Кит Го од Пехчево, а скопското дерби ќе се игра помеѓу Вардар и Македонија ЃП.
Еве како изгледаат останатите двојќи за 1/8 финалето:
Тиквеш – Работнички
Вардар – Македонија ЃП
Пелистер – Беласица
Гостивар – Победа
Брегалница – Академија Пандев
Скопје – Силекс
Шкендија – Кит Го
Кораби – слободен
Првите натпревари ќе се одиграат наредната среда (19 септември), додека реваншите се закажани три недели подоцна.

