Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска и официјално ја завршува кусата летна пауза и почнува со подготовките за новата сезона. Како што објавија од редовите на „црвено-црните“, ростерот на тимот е комплетиран и во него се 38 фудбалери, од кои 10 од младинската школа на клубот.
Стручниот штаб е исто така потврден, а нов кормилар на Вардар во Европа ќе биде aргентинскиот стратег Кристан Фабиани.
Вардар за денеска најави и потпишуваме договор со еден од спонзорите за претстојниот период. Инаку, клубот главниот дел од подготовките пред првите настапи во квалификациите од Лигата на шампионите ќе ги спроведе во Италија.

