Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска во Битола го совладаа Вардар со 29 спрема 25, но, вардарци имаат подобра гол-разлика во меѓусебните средби и затоа остануваат на челната позиција на табелата.
Кај домаќините се издвоија Радовиќ и Периќ кои постигнаа по седум голови додека кај гостите Дибиров имаше шест. Доколку „црвено-црните“ во последните 4 кола забалежат максимален ефект ќе ја одбранат титулата и воедно ќе ја освојат двојната круна.
Вардарци неодамна ја пополнија богатата ризница и со победничкиот пехар од Купот.