Ракометарите на Вардар со денешната победа против Загреб со 32 спрема 30 го потврдија пламсанот во втората фаза елиминации во Лигата на шампионите.
Минатата сабота „црвено-црните“ славеа во хрватската престолнина со 27-18 додека вечерва во СЦ „Јане Сандански“ четата на Роберто Гарсија Парондо, уште еднаш потврди дека има поголем квалитет од противникот. Чупиќ со 9 голови беше најрасположен кај Вардар, кај Загреб 11 погодоци даде искусниот Хорват.
Нашиот тим во 1 /4 финалето ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу ПИК Сегед и Висла Плоцк. Во првиот меч Унгарците победија со 22 спрема 20 а реваншот ќе биде утре на нивниот терен.