Ракометарите на Вардар го совладаа Металург со 30 спрема 26 и сосема очекувано го освоија првото место во Купот на Македонија.
Вардарци во денешното финале одиграно во салата „Младост“ во Битола само го потврдија квалитетот и лесно стигнаа до посакуваната победа. Металурзите иако се обидоа да парираат, на крајот мораа да му честитаат на подобриот тим.
Вардар сега има 13 трофеи од Купот – (1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018). Натаму следуваат. Металург – 5 (2006, 2009, 2010, 2011, 2013), Пелистер – 5 (1995, 1996, 1998, 1999, 2005) Борец – 1 (1994), Шевро Куманово – 1 (1993) и Тутунски комбинат Бренд – 1 (2002).