Ракометарите на Вардар ја забележаа и втората победа во групната фаза во Лигата на шампионите откако славеа на денешниот меч со шведскиот состав Кристијанштад со 33 спрема 25.
„Црвено-црните“ во СЦ Јане Сандански тргна одлично, набилдаа голема позитива и практично му ги срушија надежите на гостинот дека може да направи изненадување. За дваесет минути резултатот беше 15-5. Во продолжението на мечот а посебно во завршните минути, тренерто Парондо им даде шанса на сите ракометари па , гостите колку толку успеаа да се спасат од катастрофа.
Во нашиот тим Иван Чупиќ постигна седум голови додека Вуко Борозан застана на пет. Голманот Дејан Милосављев забележа 10 одбрани. Вардар по победите со Монпелје и Кристијаншатад сега го очекува мечот од третото коло на 29 септември кога ќе му гостува на унгарскиот Веспрем.