Ракометарите на Вардар денеска од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе одиграат меч против францускиот Монпелје во рамките од четвртото коло во групата „А“ во Лигата на шампионите.
Влезот во салата ќе биде регулиран според посебни протоколи за заштита од Ковид-19. Вардарци досега имаат две победи и едно реми додека противникот доаѓа со ефект од една победа, еден нерешен меч и еден пораз.
На табелата, Вардар и Сегед имаат по 5 бодови, Алборг и Кил по четири, Монпелје 3, Елверум 2, Загреб 1 а Мешков Брест е последен без бод.