Ракометарите на Вардар го совладаа Загреб со 24 спрема 20 во првиот меч од последниот елиминациски филтер за место на завршниот фајнал-фор во СЕХА лигата.
Во салата –„Јане Сандански“ по подолг период пред ограничен број на гледачи поради ковид-пандемијата, домаќинот одигра подобро во вториот дел и успеа да обезбеди предност за реваншот во Хрватска на 31. Август.
Кај „црвено-црните“, Анте Кудуз и Тимур Дибиров постигнаа по седум голови додека кај гостите се издвои екс-вардарецот, Иван Чупиќ, кој даде осум голови од кои шест со удари од седум метри.