Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, заминува на летни подготовки на Златибор, Србија.
Таму ќе одигра четири пријателски натпревари . Првиот на 17 јули против Металац Горњи Милановац а три дена подоцна против Бокељ Котор.
На 23 јули е закажана пресметка против Смедерево а подготовките ќе завршат со контролниот меч против Дубочица. „Црвено-црните“ по две сезони се вратија во прволигашкото фудбалско друштво.