Денеска во Куманово започнува завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција.
Од 17.00 часот екипата на Металург ќе излезе на мегдан со Бутел. Мечот ќе го судат Димитар и Дејан Георгиевски а улогите на делегат-контролор ќе ја имаат Ацо Николовски и Душко Камишевски. Во второто полу-финале од 20.00 часот ќе играат Вардар и Еурофарм Работник. Судии на мечот ќе бидат Исмаил Металари и Ненад Николовски додека Русе Наумовски и Васил Чавдаров ќе бидат делегати-контролири.
Победниците од денешните средби утре од 20.00 часот ќе се борат за победничкиот пехар од Купот. Како вовед во машкото финале ќе дојде пресметка кај жени. Од 16.00 часот во решавачкиот меч за пехарот ќе играат Куманово и ЖРК Вардар.