Ракометарите на Вардар во релаксирана атмосфера го очекуваат саботниот реванш со ППД Загреб во осминафиналето во Лигата на шампионите. Иако нашиот тим славеше на првиот меч во Хрватска со 27 спрема 18, тренерот, Роберто Парондо, очекувана максимална ангажираност на играчите.
„Загреб е состав кој знае да одигра многу добро. Најзначајно е да се пласираме во четврт-финалето.Треба да одиме на победа за да ја задржиме самодовербата за наредните мечеви“ – истакна Парондо.
„Имавме одличен резултат, но, не треба да се опуштаме, Загреб е квалитетна екипа. Сигурно ќе сакаат да си го обелат образот и ќе дојдат мотивирани. Треба да одиграме со студени глави уште еден добар меч“ – изјави Стојанче Стоилов. Вардар откако ќе го „скокне“ Загреб, ќе се сретне со подобриот од двомечот Пик Сегед – Висла Плоцк. Во нивни прв дуел Унгарците славеа како гости со 22-20.