Ракометарите на Вардар 1961 ќе играат во финалето на меѓународниот струшки турнир откако во интересен меч го совлада шведскиот состав Гуиф со 28 спрема 26 .
Во победничкиот тим се издвои Петриќ кој имаше седум голови додека Јагуриновски даде пет а Лазаревски четири. Треба да се истакне и голманот на „црвено-црните“, Мартин Томовски, кој забележа 14 одбрани.
Кој ќе му биде противник на Вардар во утрешното финале ќе дознаеме по вториот денешен дуел меѓу Алкалоид и грчкиот АЕК кој ќе започне во 20.40 часот.