Напаѓачот на фудбалскиот состав Лестер, Џејми Варди, поради повреда, ќе мора да пропушти поголем дел од сезоната.
Тој нема да се врати на терените до март. Играчот на популарните „лисици“ прво ја повреди тетивата во декември а потоа ситуацијата се искомпликува откако се појави на дуелот со Ливерпул.
Според објавеното, Варди нема да мора оди на операција.