Џејми Варди ја завршува репрезентативната кариера. Тој го информирал селекторот на англискиот тим, Герет Саутгејт, дека е вистинското време да се повлече од репрезентативниот дрес.
32-годишниот напаѓач на Лестер, ја најавуваше својата одлука уште по СП во Русија, но се чекаше само погоден момент за да ја објави. Варди има 26 настапи за „Гордиот Албион“.