Напаѓачот на фудбалскиот состав Лестер, Џејми Варди, веројатно ќе го продолжи договорот со англискиот клуб, велат денешните информации од островот.
37- годишниот ветеран го облече дресот на „лисциите“ во 2012 година и беше дел од големиот историскиот успех кога беше освоена титулата во Премиер-лигата.
Варди во неговата ризница ги има и пехарите од ФА Купот и Супер-купот на Англија. Неговиот актуелен договор со Лестер ќе истече на крајот на сезонава.

