Поранешниот фудбалер на Холандија, Рафаел Ван дер Варт, упати критики кон напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер, кој не може да се препознае откако го напушти Лајпциг и го облече дресот на „сините“ од Лондон.
„Вернер е како слеп коњ, тоа го докажа и во настапот за Германија (против Македонија). Можеби Вернер е многу брз, но поради притисокот кој го чувствува, трча со главата кон земја. Зијеш е најдобро решение за таа позиција“ – вели Холанѓанецот во изјава за медиумите.
Деновиве се почести се шпекулациите дека репрезентативецот на „панцирите“ ќе биде ставен на трансфер листата во текот на летото.

