Денес стартува пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, со два натпревари од 17-то коло кои се на програмата денеска прволигашите тргнуваат во битка за шампионската титула и борбара за настап во Европа, но и за опстанок во фудбалската елита.
Колку се подготвени екипите организациски и како ФФМ преку натпреварувачката комисија се подготвуваа за ова ни презентираше ,Васко Дојчиновски, претседател на натпреварувачката комисија при ФФМ:
„Ние како ФФМ изминатиот месец ги направивме сите редовни состаноци на кои анализиравме се што се случуваше во првиот дел од сезоната, со акцент на проблемите кои ги имаа клубовите при организација на натпреварите. Исто така имавме семинар на кои беа делегатите и добија дополнителни насоки за уште подобра организација на средбите во пролетниот дел. Инфраструктурата е секако подобра од она што беше порано иако има простор за уште подобри услови за игра (добри терени) на кои треба да работат клубовите. Самото делегирање на натпреварите е малку тешко кога се играат натпревари од едно коло од петок до понеделник, но мислам дека добро се справуваме со тоа. Пролетниот дел е со помалку натпревари, а имаме и само една репрезентативна пауза, па мислам дека нема да имаме проблем со одигрувањето на сите планирани средби иако во Првата лига ќе има три кола кои ќе се играат преку средината на неделата“ истакна Васко Дојчиновски низ разговорот во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

