По вчерашниот пораз од екипата на Тиквеш на домашен терен со 4:1, Александар Васоски повеќе не е тренер на Академија Пандев. Како што и самиот потврди на социјалните мрежи, веднаш по мечот понудил оставка, која клубот ја прифати.
„По денешниот пораз и во разговор со управата , поднесов неотповиклива оставка која беше прифатена. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша Васоски.
Струмичкиот состав по последниот пораз е на 4 бода од зоната за испаѓање на табелата.

