Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Васоски замина од тренерското место во Вардар
    Фудбал

    Васоски замина од тренерското место во Вардар

    sasoBy saso15/12/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Александар Васоски од денеска повеќе не е тренер на екипата на Вардар. По завршувањето на есенската полусезона во ПМФЛ, тренерот реши да си замине, а за одлуката ја информираше и јавноста со објава на социјалните мрежи.

    „Почитувани спортски пријатели, сакам само да ви се обратам 2-3 дена после последниот натпревар на Вардар во оваа сезона.
    Факт е дека Вардар е последно место на табелата што секако не личи на клуб со реноме,меѓутоа проблемите кои веќе со години го мачат клубот не не одминаа и оваа сезона.Освоени се 17 бодови(чисти како солза) без помош на пријатели (никој ни нема аут и фаул поклонето), а не пак бодови. Играта од натпревар во натпревар се поправаше,создававме многу шанси кои за жал не ги реализиравме,и со малку повеќе среќа ќе имавме уште 5-6 бода на нашето конто.

    Несреќна околност беше и повредата на нашиот капитен Мицевски, и откажувањето на солидниот стопер Алаверда. Огромна благодарност до в.д раководството од Комитите кои одвојувајки и свои средства помагаа во функционирање на клубот.
    Благодарност до навивачите, администрацијата,вработените во клубот,а највеќе до ФУДБАЛЕРИТЕ кои вложуваа натчовечки напори да се постигнат позитивни резултати. Што се однесува до мене,јас ветив дека до декември ке му помогнам на клубот,надевајки се дека ситуацијата ке се подобри,меѓутоа очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Неможејќи повеќе да го носам теретот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша Васоски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.