Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Васовски: Победа во незaдоволителна игра
    Фудбал

    Васовски: Победа во незaдоволителна игра

    sasoBy saso27/08/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерите на Вардар во рамките на 3. коло на домашната фудбалска сцена стигнаа до тесна победа над Македонија ЃП. Предводникот на тимот, Александар Васовски, по средбата истакна дека не може да биде задоволен од играта, но добро е што и во такво издание Вардар ги освои бодовите.

    „Не сум задоволен како игравме. На стартот им дозволивме да направат неколку шанси за гол и можеа да поведат, но потоа некако ја стабилизиравме играта, дојдовме до тој пенал за гол и за победа. Направивме многу грешки, но на крајот добро е што победивме. Сега не чекаат подготовки за следниот дуел со Белесица“, вели Васоски.

    Тренерот на Македонија ЃП, Александар Таневски по мечот истакна дека неговиот тим мора да следните натпревари да почне и да погодува.

    „Кога нема да ги искористите шансите во мечеви како овие со Вардар и Шкендија, казната ќе ве стигне. Така беше и на овој меч. Во следниот период мора да почнеме да ги користиме шансите. Со нив ќе дојдат и бодовите“, вели Таневски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Ристовски проговори за ситуацијата во клубот

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Сабаленка го освои Мелбурн
    • Ивановски ќе игра ново финале
    • Пеп: ме изненади тактиката на Артета
    • Елмас сакал да го напушти Наполи
    • Ристовски проговори за ситуацијата во клубот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.