Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен во уште една епска пресметка во Лигата на шампионите по минатонеделното реми 2:2 во Германија. Победникот од полуфиналниот реванш ќе се пласира во финалето на Вембли на 1 јуни.
Реал Мадрид е незгоден противник за Баварците, бидејќи Кралскиот клуб константно го елиминираше својот ривал во последните три пати.
Германците секако мака мачат против Реал Мадрид и на последните осум средби меѓу двете екипи имаат вкупно 6 порази и само две нерешени, иако се покажаа добро на првата средба.
Карло Анчелоти има многу успешно скор против баварскиот гигант, со шест победи, три нерешени и ниту еден пораз во 9 натпревари против нив, а ги предводил Милан и Реал Мадрид против Баерн Минхен.
Реал Мадрид имаше повеќе од совршен викенд бидејќи ја обезбеди рекордната 36-та титула во Ла Лига на неколку кола пред крајот по убедливата победа над Кадиз од 3:0, а Тибо Куртоа и Едер Милитао и двајцата стартуваа по опоравувањето од сериозните повреди. Покрај тоа, Карло Анчелоти ги одмори практично сите свои стартери, кои ќе бидат свежи за мега пресметката со Баерн. Единствен проблем со кој ќе се соочи Италијанецот ќе биде повредата на Давид Алаба. Причина за оптимизам за Реал Мадрид дава статистиката дека на последните пет домашни натпревари во сите натпреварувања, Кралскиот клуб постигнал најмалку два гола.
За Баерн Минхен изминатиот викенд беше далеку од толку позитивен. Тимот загуби 1:3 на гостувањето кај Штутгарт, а загуби и поради повредата на Рафаел Гереиро, кој нема да игра. Сепак, добрата вест е дека Серж Гнабри, Лерој Сане, Матаис де Лихт и Дајо Упамекано се во подобра состојба и треба да му бидат достапни на Томас Тухел. Покрај Гереиро, тренерот на Баварците нема да може да ги користи Кингсли Коман, Саша Боје и Буна Сар.
Баерн има само еден пораз во последните 12 натпревари против шпански тимови, дома или на гости (седум победи и четири нерешени), но уште позагрижувачки е што испадна во 6 од последните 8 елиминации против екипи од оваа земја. Германскиот гигант ризикува да остане со празни раце за прв пат по 2012 година, а Лигата на шампионите останува единствената шанса на тимот за трофеј.
Сепак, навивачите на Баерн сè уште со задоволство се сеќаваат на 2012 година, кога нивните миленици го исфрлија Реал Мадрид во полуфиналето, откако разменија победи со 2:1 и драматична пенал серија во шпанската престолнина.
На патот до оваа фаза, Баерн ги елиминираше Лацио и Арсенал во нокаут фазата. Реал Мадрид, пак, со одредени потешкотии елиминираше друга германска екипа – РБ Лајпциг, како и минатогодишниот освојувач на трофејот Манчестер Сити по две ремија и пенали за пласман во полуфиналето.
Можни состави:
Реал Мадрид: Лунин, Карвахал, Рудигер, Чуамени, Менди, Валверде, Крос, Камавинга, Белингем, Винисиус и Родриго.
Баерн Минхен: Нојер, Кимих, Де Лихт, Дајер, Мазрауи, Горетцка, Лаимер, Сане, Милер, Мусиала и Кејн.
Судија: Симон Марчињак (Полска)