Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вечерва дуел на гигантите на „Етихад“, Манчестер Сити го пречекува Реал Мадрид
    Фудбал

    Вечерва дуел на гигантите на „Етихад“, Манчестер Сити го пречекува Реал Мадрид

    risteBy riste26/04/2022No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Време е за полуфинале во Лигата на шампионите, а повеќето навивачи и експерти се едногласни дека најголемата пресметка во оваа фаза од ЛШ е помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид. Двата тима ќе се соочат вечерва на „Етихад“ во обид да се доближат до финалето кое ќе се одигра на 28 мај во Париз.

    „Граѓаните“ ги сметаат за фаворити, иако со години не успеваат да триумфираат во Лигата на шампионите, а против себе ќе го имаат рекордерот по трофеи во натпреварувањето. Двата тима се сретнаа во полуфиналето во сезоната 2015/16, кога Реал Мадрид победи со вкупен резултат 1:0, а потоа го кренаа пехарот по победата на пенали над градскиот ривал Атлетико Мадрид. Манчестер Сити се реваншираше во 2020 година, кога во осминафиналето го елиминираше кралскиот клуб.

    Избраниците на Пеп Гвардиола водат жестока битка за титулата во Англија со Ливерпул и не можат да си дозволат опуштање на ниту еден натпревар. Во текот на викендот „граѓаните“ го совладаа Ватфорд со 5:1 и продолжуваат да го држат првото место, иако имаат само еден бод повеќе од Ливерпул.

    Реал немаше натпревар, што секако им помогна на играчите на Карло Анчелоти да соберат сили за гостувањето во Манчестер.

    Кралскиот клуб успеа да елиминира два големи клуба на патот до полуфиналето, најнапред ПСЖ, а потоа и актуелниот шампион Челзи, а на тие пресметки спасител беше Карим Бензема.

    Манчестер Сити немаше проблем да го елиминира Спортинг (Лисабон) во осминафиналето, но потоа мораше да употреби повеќе сили против Атлетико Мадрид. Во првиот меч „граѓаните“ доминираа со 1:0, а во реваншот на „Ванда Метрополитано“ беа под огромен притисок во последните минути, но го задржаа нерешениот резултат 0:0.

    Импресивен е податокот дека Манчестер Сити сезонава нема примено гол во фазата на директна елиминација во Лигата на шампионите, а освен тоа, тимот е непоразен на својот стадион во ова натпреварување од 2018 година. Гвардиола ќе се обиде да стане првиот тренер кој три пати го елиминирал Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Сепак, Кралскиот клуб докажа дека може да опстане во сите ситуации, вклучувајќи го и пресвртот од 0:2 до 3:2 против Севиља. Ова е само една од шесте последователни победи на Реал Мадрид на гостински терен. Сега Реал има шанса да стане првиот тим кој победил на гостински терен против два англиски тима во елиминациите од Лигата на шампионите.

    Голем проблем за Манчестер Сити ќе биде тоа што Жоао Кансело е казнет. Сепак, Кајл Вокер се опорави од повредата и ќе биде во комбинација за натпреварот. Во центарот на одбраната ќе бидат Рубен Дијаз и Џон Стоунс, а лев бек Александар Зинченко. Откако постигна четири гола протов Вотфорд, Габриел Жесус ќе го предводи нападот, заедно со Ријад Марез и Рахим Стирлинг. Тројцата на средината на теренот ќе бидат Бернардо Силва, Родри и Кевин Де Бруин.

    Реал Мадрид најверојатно ќе остане без Давид Алаба, а во неизвесен до крај ќе биде и Едер Милитао. Не е јасно кој од Ферлан Менди и Марсело ќе стартува на левото крило од одбраната. Лука Модриќ паузираше од победата над Осасуна од 3:1, но денеска ќе ја преземе улогата на организатот во средниот ред. Каземиро најверојатно нема да игра и се очекува да биде заменет од Едуардо Камавинга. Во нападот Анчелоти ќе смета на карим Бензема, Винисиус Јуниор и Федерико Валверде.

    Историски гледано, Реал Мадрид победи само на едно од последните шест гостувања кај англиските ривали во Лигата на шампионите.

    Судија на мечот вечерва ќе биде Романецот Иштван Ковач.

    МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД

    Веројатни состави:
    МАНЧЕСТЕР СИТИ (4-3-3): Едерсон, Вокер, Р. Дијаз, Лапорт, Зинченко, Б. Силва, Родри, Де Бруин, Марез, Г. Жесус и Стирлинг.

    РЕАЛ МАДРИД (4-3-3): Куртоа, Карвахал, Милитао, Н.Фернандез, Марсело, Крос, Камавинга, Модриќ, Валверде, Бензема и Винисиус.

    СУДИЈА: Иштван Ковач (Романија)
    СТАДИОН: „Етихад“ – Манчестер

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.