Скопје ќе биде домаќин на многу познати фудбалски имиња од регионот и Македонија. Причина за тоа е промоцијата на документарниот филм за македонската, балканската и светската фудбалска легенда, Дарко Панчев, настан кој ќе се одржи вечерва (понеделник, 24 април 2023) кога ќе имаме можност да погледнеме еден сегмет од филмот кој ќе го покаже животот и кариерата на Дарко Панчев.
Блескавата фудбалска кариера на голгетерот на Вардар, Црвена Звезда, македонската и екс-југословенската фудбалска сцена, вечерва во филмот „ПАТОТ НА КОБРА ДО ЅВЕЗДИТЕ“ кој ќе го има промотивното прикажување, а на кој во изминатиот период работеа и продуцираа Спортклуб телевизија, Спорт Нетворк Продукција и Спортското радио 90.3 фм.
Вечерва на самата промоција е најавено присуство на голем број поранешни соиграчи на Дарко Панчев, како што се Дејан Савичевиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Слободан Маровиќ, Роберт Просинечки, Илија Најдовски, Вујадин Станојковиќ, Драгиша Биниќ и други.
Промотивното прикажување на филмот ќе се случи вечерва од 20 часот во хотелот „Александар Палас“. Реализацијата на филмот е поддржана од Универзитет Скопје.