Вечерва се играат реванш натпреварите од четвртфиналето во Конференциската лига. Во првите натпревари ниту една од екипите не можеше да направи предност што ќе им гаратираше сигурен пласман во полуфиналето и затоа се ќе се решава вечерва.
Лил го пречекува еден од фаворитите за освојување на трофејот Астон Вила, која сепак првиот меч го доби само со 2:1 и тоа им влева големи надежи на домашните играчи.
Минатогодишниот финалист во натпреварувањето Фиорентина е домаќин на Викторија Плзен по ремито без голови во првиот натпревар.
Вторите два натпревари се играат од 21 часот, ПАОК го пречекува Клуб Бриж кој на домашен терен славеше со еден гол. Белгијците ќе бидат без напаѓачот Игор Тиаго, кој е суспендиран поради акумулирани жолти картони. Бразилецот промаши пенал на првиот натпревар.
Во Истанбул, Фенербахче се среќава со Олимпијакос во балканско дерби. Грчкиот тим оди на турско тло со гол предност откако на домашен терен победи со 3:2.
Реванш натпревари ¼ финале:
18:45 Лил – Астон Вила (1:2 во првиот натпревар)
18:45 Фиорентина – Викторија Плзен (0:0)
21:00 ПАОК – Бриж (0:1)
21:00 Фенербахче – Олимпијакос (2:3)
Еве ги паровите за полуфиналето на ЛК:
Лил/Астон Вила – Фенербахче/Олимпијакос
Фиорентина/Викторија Плзен – ПАОК/Бриж